Хуманост на дело: Трка за поддршка, сочувство и солидарност со трагедијата од КочаниВо организација на ЈП „Билјанини Извори“ и СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид , успешно се одржа хуманитарна трка посветена на жртвите и повредените од трагичниот настан во Кочани.Настанот обедини голем број хумани луѓе, спортисти и граѓани кои преку спорт и заедништво изразија поддршка, сочувство и солидарност со сите засегнати семејства.Трката покажа дека кога најмногу е потребно, хуманоста, младите и институциите се на вистинското место — рамо до рамо за оние на кои им е најтешко. Од срце – срце даруваме!
Category Archives: Uncategorized
Лед рефлектори

ЈП “Билјанини Извори” комплетно го заврши процесот на замена на обичните рефлектори со лед рефлектори кои се користат за сите натпревари и тренинзи. Со ова активност во голема мера ќе придонесиме вкупната потрошувачка на електрична енергија во спортската сала драстично да ја намалиме.
Посета на ученици “Стана Милановиќ”
Вчера во посета на нашето претпријатие беа учениците од економската школа “Стана Милановиќ” од Шабац, Р. Србија. Тие се дел од Ерасмус проектот во кое е вклучено и нашето економско школо СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид













