ЈП „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека од денес, 3 јули 2026 година, Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ официјално започнува со работа.
Работното време на базенот ќе биде секој ден од 08:00 до 19:00 часот.
Пливачките школи ќе започнат со работа од 06.07 ( понеделник ), а обуките ќе се реализираат во следните термини:
Претпладне: од 08:00 до 13:00 часот
Попладне: од 17:30 до 19:00 часот ( мало корито )
ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите граѓани и посетители да ја искористат можноста за рекреација и спорт во текот на летната сезона, а најмладите да се приклучат на пливачките школи и да ги направат своите први пливачки чекори под стручен надзор.
