Од граѓаните за најмалите и најмилите-вредна донација од ЈП „Билјанини извори“ за градинката „Билјана“

Најавените хуманитарни активности од јавното претпријатие „Билјанини извори“ продолжуваат. Овој пат донација во вредност од 60.000 денари за најмладите охриѓанчиња. Донацијата, што се состои од телевизор, ДВД, печатач, теписони, детска литература–книги, сликовници, боенки, едукативни и гумени играчки, реквизити за спорт, денес, од страна на директорката на јавното претпријатие, Гордана Јованоска, беше предадена во градинката „Билјана“.Донацијата е насловена „Од граѓаните за најмалите и најмилите“.
Нашиот најголем прилив на средства е од стопанисувањето со паркинзите. Одлучивме, од оваа година, колку што можеме, континуирано да издвојуваме средства со кои ќе им помогнеме на одредени групи на граѓани. Оваа градинка е во близина на нашето седиште, затоа и ја избравме, се консултиравме со вработените што им е потребно и така ја составивме донацијата. Во рамки на можностите, продолжуваме да помагаме секаде каде што има потреба, изјави директорката на ЈП Билјанини извори, Гордана Јованоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *