Трет ден од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“

Возбудата на третиот ден од турнирот продолжи со низа интересни натпревари кои донесоа и комплетирање на една од групите. Тимовите покажаа одлична форма, спортски дух и голема борбеност, а публиката уште еднаш го исполни теренот со навивачка енергија.

Резултати од трето коло: 

Чардак Велгошти : ЈП Охридски Комуналец – 3:9

Провелд : ТАВ Македонија- 7:5

АСП ПАК : Општина Охрид – 9:1

Со натпреварите од третото коло се комплетираше групата В, каде што првото место со 6 бода го освои тимот на Гранит X, второто Провелд со 3 бода и на третото место заврши тимот на ТАВ Македонија. Првопласираните два тима продолжуваат во четвртфинале додека на тимот на ТАВ Македонија им се заблагодаривме на учеството и им доделивме медал за учество. 

Турнирот „Ohrid FREED 2025“ продолжува и вечер со уште поатрактивни дуели и вистинско спортско шоу во сала, со кои ќе се комплетираат и останатите три групи. МАГНА : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 20 часот..КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 21 часотИнекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 22 часот
Се гледаме вечер!