Поставување ограда

Со поставувањето на оградата околу фудбалското игралиште во бившата касарна, продолжуваме со активности и создавање на функционален спортски простор за сите генерации.

Ова е уште еден важен сегмент од процесот кој го враќа спортскиот дух и животот во овој дел од градот. Следниот чекор се трибините, со што целосно ќе се заокружи проектот и ќе добиеме уреден фудбалски терен достоен за младите, спортот и заедницата.