Спортската сала “Билјанини Извори” домаќин на традиционалниот Семинар за ракометни тренери кој започна денес и ќе трае до утре, 15-16 јуни. Организатор е Здружението за ракометни тренери на Македонија.
Author Archives: root
Меѓународен натпревар по џудо
Домаќини на меѓународниот џудо натпревар “Струга Опен” 2024 кој се одржа вчера во спортската сала “Билајнини Извори”. Учествуваа 600 џудисти од три континенти. ![]()
Натпреварот го организираше џудо клубот од Струга под покровителство на Џудо Федерацијата на Македонија.![]()
![]()
Осветлен помошниот терен со веш. трева
После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева. Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу. Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници. Следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач.








