Известување за градскиот базен

Почитувани, ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од понеделник 1 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење. Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.
Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.

Информации за ограничениот режим на движење

Почитувани,од петок, 28 јуни 2024 ќе почне да функциоира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”. Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП “Билјанини Извори”, Спортска сала “Билјанини Извори”. Ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот.

Семинар за ракометни тренери

Спортската сала “Билјанини Извори” домаќин на традиционалниот Семинар за ракометни тренери кој започна денес и ќе трае до утре, 15-16 јуни. Организатор е Здружението за ракометни тренери на Македонија.