Меѓународен натпревар по џудо

Домаќини на меѓународниот џудо натпревар “Струга Опен” 2024 кој се одржа вчера во спортската сала “Билајнини Извори”. Учествуваа 600 џудисти од три континенти. 👍💪Натпреварот го организираше џудо клубот од Струга под покровителство на Џудо Федерацијата на Македонија.👏👏

Осветлен помошниот терен со веш. трева

После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева. Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу. Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници. Следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач.

Спортски отворен ден

Успешно завршен отворениот спортски ден во организација на ЈП “Билјанини Извори” и учениците од ОСУ “Кирил и Методиј”- Охрид кои беа дел од програмата за практична настава во нашето претпријатие.Особено ни е мило што на овој преубав ден преовладуваше голем натпреварувачки дух и многу позитивна енергија. На отворениот спортски ден учествуваа повеќе од 100 ученици поделени на неколку дисциплини. Освоени места по дисциплина:

Пикадо

1место Стефан Матески

2место Јована Шапкароска

3место Валерија Андриеска

Јаже

1 Место Машки, Матеј ИсакоскиХристијан КитаноскиИван ЛиотоскиМихаил ЈоноскиСтефан Бегалис Александар Наумовски

1 Место Женски, Теодора МитрескаДона Маркоска Стефанија Речкоска Миа Шикалеска Дора Ѓорѓиевска Ивана Латкоска Вероника Неделковска Исидора Ѓорѓоска Теона Лошкоска Јана Танеска

Баскет

1 Место Матео Силјановски Ѓорѓи Митрески Петар Николоски

2 Место Михаил Јоноски Стефан Бегалис Матеј Исакоски

Одбојка

1 Место Дона Маркоска Миа Шикалеска Стефанија Речкоска Теодора Митреска Ивана Латкоска Дора Ѓорѓиевска

2 Место Матеа Тотеска Мила Јовановиќ Хелин Сали Бојана Рилкова Ана Шокароска Ана Марија Топалоска

ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите кои беа дел од настанот и на сите кои помогнаа тој да се реализира. Искрено се надеваме дека спортскиот ден во соработка на претпријатието и средното училиште ќе прерасне во традиција.