Работна средба со фудбалските школи

ЈП “Билјанини Извори” денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”. Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушни гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка.

Охрид домаќин на квалификациите за Европско првенство за жени А селекција

Градскиот стадион “Билјанини Извори” и Охрид домаќини на женските А репрезентации на Република Северна Македонија и Луксембург. Причината е утрешниот натпревар кој ќе се одигра на градскиот стадион со почеток од 13 часот и 30 минути. Натпреварот е дел квалификациите за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во 2023 година. ⚽️⚽️⚽️⚽️ЈП “Билјанини Извори” и посакува многу успех на нашите фудбалерки на утрешниот натпревар и воедно ги поканува сите љубители на фудбалот да дојдат утре и заедно да го бодриме нашиот национален тим. 👍👍👍👍

Нови технички помагала

После современиот електронскиот систем за наводнување ЈП “Билјанини Извори” од сопствени средства се поднови и со технички помагала за одржување на тревата на главното фудбалско игралиште како и на целокупната тревна површина на СРЦ “Билјанини Извори”.
Од денес дел од нашите технички помагала се и: една тракторска косилка со колектор за големи тревни површини Вилагер ВТ 1005ХД, три моторни самоодни косилки 87цм, два тримери и една моторна пила Стил. 👍👍👍👏👏👏