Во завршна фаза новата трибина

Новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во финална фаза на нејзина изградба. Со поставување на столчињата се завршува делот на надворешно опремување на трибината и остануваат уште внатрешните градежни активности. За потсетување, новата трибина е со капацитет од 1480 седишта и е заеднички проект на Општина Охрид и Фудбалска федерација на Македонија.

 

Градскиот базен од утре ги отвара вратите за сите

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека од утре 02 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен и заедно со нас да се дружиме и уживаме во благодетите на пливањето и игрите во вода.

Еколошка акција за чистење на каналот “Студенчишта”

Денес, ЈП “Билјанини Извори” заедно со Клуб за подводни дејности Охрид организираше еколошка акција за чистење на подводен отпад кај каналот “Студенчишта”. Им изразуваме голема благодарост на нуркачите на клубот и целиот клуб за поддршката и посветеноста кон нивното континуирано делување кон заштитата на езерските води. Ние како јавно претпријатие кое стопанисува со каналот “Студенчишта” и во иднина ќе продолжиме со акции и поддршка на активности во насока на заштита на езерските води и флората и фауната на езерото.