Пролетни активности на ЈП „Билјанини Извори“.

Со доаѓањето на пролетта, започнавме со интензивна подготовка на тревнатите површини. Извршивме механичка обработка и длабинско проветрување на почвата (20+ см), со што се овозможува подобра аерација и природна размена на гасови.Следуваше пресејување со квалитетна тревна смеса, прихрана со комплексно гранулирано ѓубриво и фолијарен третман со современи стимулатори за раст, PH стабилизатори и биолошки препарати на база на Ecklonia maxima и Bacillus subtilis.Целта е јасна, здрав, густ и отпорен тревник со силен коренов систем подготвен за летниот период.Во финалната фаза се спроведе топ-дресинг (песочење), со што се подобрува структурата на површината и се обезбедува идеален контакт на семето со почвата.Продолжуваме посветено да инвестираме во квалитетот на спортските и рекреативните површини за сите граѓани.

Хуманоста обединува

На иницијатива на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид ЈП „Билјанини Извори“ донесе одлука да се приклучи кон хуманитарната акција за помош на малата Ева.

Средствата обезбедени од хуманитарните паркинзи во висина од 150.000,00 денари ќе бидат наменети за оваа цел, со искрена желба да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Хуманоста нека нè обединува. ❤️

Месец на ретки болести

Во месецот посветен на ретките болести, даваме поддршка на сите храбри поединци и семејства кои секојдневно се соочуваат со предизвици што често остануваат невидливи.

Да шириме свесност, разбирање и солидарност.