РЕЗУЛТАТИ – М12/М14/М16 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР ОХРИД

M12 категорија

🥇 Охрид баскет – 1 место

🥈 Трипл трет – 2 место

🥉 Шутери – 3 место

🌟 МВП: Емир Џело

🎯 Шут за 3 поени: Тео Милкоски

M14 категорија

🥇 Танче – 1 место

🥈 Баскет бојс – 2 место

🥉 Стритбаскет – 3 место

M16 категорија

🥇 Борче – 1 место

🥈 Баскет Бригада – 2 место

🥉 Чекани – 3 место

🎯 Шут за 3 поени: Харис Абас

🤝 Најфер играч: Матеј Маркоски

Големи честитки до сите млади категории, што покажаа страст, другарство и спортски дух. Ви благодариме што повторно ја оживеавте 3×3 магијата! 🏀🔥

🏀 РЕЗУЛТАТИ – СЕНИОРИ 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР ОХРИД 🏆

Одлична атмосфера, страст и врвна игра – честитки за најдобрите!

Пласман:

🥇 Инекс Олгица – 1 место

🥈 Мешко – 2 место

🥉 СУ Хотел – 3 место

Индивидуални признанија:

🌟 МВП: Наум Стојаноски

🎯 Најдобар шутер за 3 поени: Асим Челик

🏀 Најдобар во забивање: Павел Стефкоски

👏 Голема благодарност до сите учесници, поддржувачи и публиката која го направи овој турнир незаборавен.

Се гледаме наредната година!

Недела е ден за баскет!

3 на 3 турнирот се враќа, поголем, подобар и со уште повеќе енергија! Оваа недела, 15 часот, време е за дружење, добра кошарка и маалски адреналин на паркет! Голема благодарност до нашите пријатели и поддржувачи: Леонардо пицерија — за вкусната поддршка, Хотел СУ — за гостопримството, Кожувчанка — за свежината на терен, Лабино Саунд — за звукот што го крева темпото и ја носи атмосферата на повисоко ниво. Без вас, ова нема да е исто. Недела, 07.12. 2025, 3×3, спорт, енергија и добро дружење.

Сите сте добредојдени!

НАЈАВА ЗА ГОЛЕМИОТ 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР – ОХРИД

Дојде времето за долгоочекуваниот кошаркарски спектакл! Оваа недела ќе се одржи големиот 3×3 баскет турнир, исполнет со адреналин, забава и вистинска спортска магија.Старт: 15:00 часот. Први на терен излегуваат нашите најмлади кошаркари во ревијален дел, поделени во три категории: М12, М14 и М16. Нивниот ентузијазам и борбеност ќе ја отворат кошаркарската атмосфера на најдобар можен начин.После ревијалниот дел, започнува вистинската баскет акција! На турнирот учествуваат 12 екипи, поделени во две групи. Следува борба за секој поен, секој офанзивен скок и секоја украдена топка! Полуфинале и Финале: 07.12.2025 од 20:00 часот. Очекувајте: многу забава, изненадувања, дружење, украдени топки, забивања, невозможни пасови и вистинско шоу!

Ве очекуваме да уживаме заедно во најмасовниот спорт во светот, баскет 3×3!

Да создадеме атмосфера што ќе се памети! Ве очекуваме!