Хуманоста и заедништвото на дело!

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, по иницијатива на Градоначалникот на Охрид, преку своите активности продолжува со својата мисија, да биде пример за општествена одговорност и човечност во заедницата.По иницијатива на градоначалникот, средствата собрани од хуманитарните паркинзи, во износ од 150.000 денари, ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски, кој води тешка животна битка.Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја поддршка значи чекор поблиску до победата. Доколку сте во можност, донации може да се извршат на: Комерцијална банка: 300017121388653, Девизна сметка: 02-307-0699762.3. Телефонски броеви за донации: Телеком МК – 143107 А1 – 143474. Дополнително, преку средствата собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“, ЈП „Билјанини Извори“ доделува:

50.000 денари на Здружение за воспитно-образовна психо-социјална поддршка – ВОПС Охрид, 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет тип 1 – Охрид

Овие донации се доказ дека кога институциите, граѓаните и градот делуваат заедно, можеме многу повеќе!

Продолжуваме да ја градиме нашата приказна, за подобро, похумано и посилно утре.

ЗАВРШЕН ТУРНИРОТ ВО ФУТСАЛ OHRID FREED 2025 – АСП ПАК ТРИУМФИРА!

Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025.

Финалната вечер, која се одржа во чест на Денот на ослободување на Охрид – 7 ноември, донесе вистински спортски спектакл и два возбудливи натпревари исполнети со страст, борба и фер-плеј дух.

🥉 Натпревар за трето место:

ЈП Охридски Комуналец успеа да ја совлада екипата на Гостилница кај Мече со 3:2, освојувајќи го заслужено третото место.

🏆 ГОЛЕМО ФИНАЛЕ:

Во интересно финале, тимот на АСП ПАК извојува победа над силниот состав на ГРАНИТ X со 6:4, со што го освои престижниот трофеј и стана шампион на турнирот Ohrid FREED 2025.

JP Biljanini Izvori Ohrid изразува голема благодарност до сите учесници, гледачи, поддржувачи и соработници кои помогнаа во реализацијата на ова спортско издание. Посебна благодарност и до Општина Охрид, како и до сите спонзори и медиуми кои дадоа свој придoнес во организацијата на турнирот.

Со завршувањето на турнирот Ohrid FREED 2025, уште еднаш се потврди дека спортот ги обединува луѓето и создава незаборавни моменти.

Најавуваме дека следното издание во 2026 година ќе донесе уште поголема конкуренција, нови изненадувања и уште подобра спортска приказна.

👏 Ви благодариме на сите што бевте дел од Ohrid FREED 2025!

📍 Се гледаме повторно на Ohrid FREED 2026!