Распоред и датуми за футсал турнирот „Ohrid freed“

Со задоволство го објавуваме распоредот и термините за одигрување на натпреварите. Натпреварите ќе се играат од 27 октомври до 07 ноември за кога се планира големото финале. Традиционално локацијата е спортската сала „Билјанини Извори“.Следете ја страницата за дневен распоред, резултати и фотографии од натпреварите.Нека победи најдобриот тим и сите заедно да уживаме во спортот и фер-плејот!Со среќа на сите учесници.

Извлекување на групите за “Ohrid Freed”

Денес во спортската сала “Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на третиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”. Турнирот во новото издание ќе се игра во четири групи по три екипи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации прво и второ пласираните ќе играат до самото финале. На почетокот на ждрепката одговорниот за реализација на турнирот, Тони Илијоски, ги информираше сите присутни околу правилата и прописите кои ќе бидат на важност за време на одржувањето на турнирот. Група А1. Гостилница Кај Мече2. МАГНА3. ЈП Колекторски систем Охрид и ЈП Нискоградба ОхридГрупа Б1. Инекс Олгица хотел и спа 2. ЧАРДАК3. ЈП Охридски КомуналецГрупа В1. Провелд2. Гранит3. ТАВ МакедонијаГрупа Г1. АСП ПАК2. КОСТАЛ Македонија3. Општина ОхридПосле одигрување на натпреварите по групи во понатамошната елиминациска фаза ќе вкрстува групата А со групата Г и групата Б со групата В се до самото финале.Термините и деновите за одигрување на натпреварите дополнително ќе бидат објавени. Ги покануваме сите љубители на малиот фудбал да бидат дел од нас и третиот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”.

Известување за измена на цени за јавни паркинзи

Известување до сите корисници на јавен паркинг простор со кој стопанисува ЈП “Билјанини Извори”.Почитувани, согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП “Билјанини Извори” ги известува сите граѓани дека од утре, 1 октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ние ги стопанисуваме. Имено од 1 октомври цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. Измената важи за период од 01. 10. 2025 до 31. 03. 2026 година.