Новогодишни активности на ЈП Билјанини Извори

Почитувани,
ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов “Новогодишна детска бајка ” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.
“Новогодишната детска бајка” како социјално забавен настан во соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска, здруженијата за лица со попреченост, основните школи од Охрид и ОСУ Св. Климент Охридски имаше за цел да ги сплоти сите охриѓани посебно децата и ранливите категории на граѓани како желба и визија на покојниот Градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски кој воедно беше и покровител на целиот настан.
Планираните активности, поддршка и предвидените подароци за децата со посебни потреби, социјалните семејства и донацијата за ЈОУДГ Јасна Ристеска ќе се реализираат во наредните пред и после новогодишни денови. Реализацијата на дел од предвидените активности ја реализираме со поддршка од Топ Маркети, Миса Маркети, пекара Феникс за што искрено им благодариме.
ЈП Билјанини Извори на ден 27 (четврток) со почеток од 10 часот во просториите на ОУ Св. Климент Охридски на сите деца од паралелките за деца со посебни потреби ќе им додели новогодишни пакетчиња додека пакетчињата за здружението за лица со посебни потреби “Добротољубие 2014” ќе им ги додели во 11 часот истиот ден во просториите на црковниот храм Св. Ѓорѓија. За здружението за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Зраци” ќе им бидат доделени новогодишните пакетчиња дополнително во договор со нив.
Активностите на ЈП Билјанини Извори во насока на поддршка за граѓаните на Охрид продолжува со донација на храна на социјалните семејства и тоа ќе се случи на 6 јануари со почеток од 11 часот во просториите на Студентскиот дом Никола Карев додека примопредавањето на донацијата во помагала и реквизити за потребите на ЈОУДГ Јасна Ристеска ќе биде дополнително закажано во консултација со службите од градинката.
Новогодинешната забава, вниманието спрема децата и ранливите категории на семејства, донацијата се мало наше општествено однесување како претпријатие кое сакаме да премини во традиција и кое веруваме ќе биде еден исчекор кон поддршката, соработката, дружењето и сплотување на граѓаните на Охрид.

Се е спремно за фудбалските екипи

ЈП Билјанини Извори (градски стадион и помошен терен со вештачка трева) подготвени за престојната 2019 зимско-припремна фудбалска сезона.
Градски стадион
– природна трева
– 100/65 метри
Помошен терен
– вештачка трева
– 105/68

ЈП Билјанини Извори дел од првиот приватен бизнис клуб во МКД

ЈП Билјанини Извори согласно стратегијата и визијата на менаџментот оваа година направи многу исчекори во насока на запознавање и комуникација со локалните и националните компании од Македонија. Размената на искуства во менаџирањето, комуникацијата со јавните претпријатија, понудата за користењето на нашата спортска инфраструктура за синдикални игри и тим билдинг активности на мултинационалните компании, финансискиот бенефит се само дел од причините за проактивниот однос на ЈП Билјанини Извори во соработката со многуте правни субјекти и групации.
Како резултат на тоа ЈП Билјанини Извори стана дел од првиот приватен бизнис клуб во Македонија, Бизнис.еу.мк со повеќе од 400 компании членки и повеќе од 10000 уникатни посети дневно на нејзиниот веб портал.
ЈП Билјанини Извори на ваков проактивен начин верува дека преку понудата на нејзините услуги и соработката со компаниите во иднина се повеќе и повеќе компании ќе се одлучуваат да бидат гости во Охрид и на таков начин да ги користат и другите ресурси во туризмот, угостителството на задоволство на сите нас.

http://www.biznis.eu.mk/jp-biljaniniizvori