ФФМ со поддршка на УЕФА ќе изгради нови трибини на стадионот во Охрид

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на два стадиони во државата – стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти за двата стадиони од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Овие активности се дел од проектот на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура во општините во Македонија.

Договорот за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ги регулира меѓусебните односи при изведување на работите меѓу ФФМ, општините и УЕФА.

-Во име на Фудбалската федерација на Македонија сакам да порачам дека заедно со општините и УЕФА продолжуваме со заедничкото градење подобра иднина на македонскиот фудбал. Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, се со цел да осигураме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин, искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА. Наша единствена цел со ваквиот тип на проекти е да овозможиме услови какви што заслужуваат тимовите, гледачите и репрезентацијата, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Отчетност пред јавноста на директорката Гордана Јованоска

Како што е редот, при домаќинското и отчетно работење, посебно кога извршувате јавна функција, денес по повод едногодишното раководење на новиот тим на ЈП “Билјанини Извори” предводен од директорката Гордана Јованоска на прес конференција пред целата јавност беа изнесени сите факти, податоци и активности кои се постигнати и реализирани во изминатата година.
Продолжуваме напред !

Фаворити победници на турнирот во Баскет 3×3

Почитувани,
Екипата на Фаворити триумфираше на овогодинешниот турнир во Баскет 3х3 кој се одржа во изминатите месец дена во организација на ЈП Билјанин а по повод празникот 7 ноември. Екипата составена од Петар и Васко Бојоски, Јован Николоски и Марјан Бошалески во саботното финалето со 15-6 ја совладаа екипата на Ноа. Во полуфиналните пресметки Фаворити подобри беа од Ликвид (15-10), додека тимот на Ноа поуспешен беше од Дента Медика (9-6). Во битката за трето место славеше Ликвид кој со 14-8 победи против Дента Медика.Во шутирањето на тројки најдобар беше Марјан Бошалески (Фаворити) кој прецизно уфрли десет тројки. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 22 000 денари, а имаше и медали за најдобрите.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите поддржувачи и соработници во реализацијата на турнирот и најавува за наредното трето издание многу новитети како за учесниците така и за самите посетители.