Финален ден од турнирот во Баскет 3×3

После одигрување на 54 натпревари, 5 кола по групи, четвртфинални натпревари стигнавме и до последниот ден од овогодинешното издание на турнирот во Баскет 3×3. Во сабота 03.11. со почеток од 20 часот ќе започне последниот натпреварувачки ден после кој ќе ги дознаеме носителите на првите три места на турнирот.
Полуфиналните натпревари помеѓу Фаворити – Ликвид и НОА – Дента Медика ќе започнат од 20 часот после кое ќе следи натпреварот во тројки. Сите екипи учесници на турнирот имаат можност да пријават по еден натпреварувач кој ќе има можност да постане најдобар тројкаш на турнирот и за него организаторот има обезбедено награда.
По завршувањето на натпреварот во тројки прво силите ќе ги одмерат екипите кои ќе се борат за третото место по што ќе следи големото финале на Турнирот во Баскет 3×3.
За најдобрите три баскет тимови ЈП Билјанини Извори има обезбедено парични награди и тоа 12.000 денари за прво, 6.000 денари за второ и 4.000 денари за трето место. Исто така најдобрите ќе бидат наградени и со пехар, медаљи и благодарници.
ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите екипи учесници на турнирот, сите љубители на кошарката и спортот, кошаркарски школи, граѓани, да бидат дел од интересните натпревари за првите три места од турнирот во Баскет 3×3.

Познати полуфиналните двојки од турнирот во Баскет 3×3

Вчера во Спортската сала “Билјанини Извори” се одиграа четвртфиналните натпревари од турнирот во Баскет 3×3 така што ги добивме полуфиналните двојки.
Резултати четвртфинале :
Жито Леб – Ликвид 6 – 15
НОА – Општина Охрид 14 – 4
Фаворити – Кентерс 15 – 7
Охрид Холидејс – Дента Медика 11 – 15

Полуфинални двојки

1. Фаворити – Ликвид
2. НОА – Дента Медика

Полуфиналните натпревари како и натпреварите за трето и големото финале ќе се одиграат во сабота 03. 11. 2018 година со почеток од 20 часот.
Ги покануваме сите љубители на кошарката и доброто дружење да ги проследат завршните натпревари од турнирот во Баскет 3×3.