Спортски ден

ЈП “Билјанини Извори” веќе неколку години наназад има потпишано меморандум за соработка со ОСУ “Св. Кирил и Методиј” – Охрид со кој учениците се обврзани да обавуваат практична настава во јавното претпријатие. На таков начин тие стекнуваат знаење и професионални вештини во делот на сметководството, правото, човечките ресурси, набавки и маркетинг. Како дел од нашата желба учениците не само да се стекнуваат со нови практики туку и да ги практикуваат истите заедно организираме спортски настан кој самите ученици ќе ги водат сите сегменти на организација и реализација. ЈП “Билјанини Извори” изразува голема благодарност до координаторот проф. Горан Попоски и проф. Гордана Бешироска, Маја Цветанова и проф. Димитар Вејланоски. Како иницијатори и креатори на овој проект, а ментори за извршената пракса, се нашите колеги мр. Весна Балазоска Милошевиќ и Тони Илијоски. Ја известуваме јавноста дека настанот е предвиден да се организира на отвореното игралиште во склоп на ОСУ “Св. Кирил и Методиј”. Носители на настанот се учениците од трета година а на настанот имаат право да учествуваат сите ученици од ова училиште. Учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат во четири дисциплини: баскет, одбојка, пикадо и тргање на јаже. Пред официјалниот почеток проф. Кате Бујароска Анѓелеска ќе ги загрее сите учесници. По овој повод ги покануваме сите охриѓани, идните средношколци и родители да дојдат и да се дружат со нас.

Подготовки за летните фудбалски припреми

Почитувани,ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека до 27 мај до 10 јуни градскиот стадион “Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.Вработените во одделението градски стадион веќе од денес се започнати со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева.ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.

#ЈПБилјаниниИзвори#ГрадскистадионБилјаниниИзвори

Инфраструктурни активности во СРЦ “Билјанини Извори”

Со доаѓањето на пролетта се интензивираат активностите за подобрување на условите на спортската инфраструктураа. Денес, со поддршка на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид започнавме со неколку инфраструктурни активности со кои ќе овозможиме подобри услови за сите корисници на помошниот терен со вештачка трева како и реконструкција на фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна. 👍👍👍